
Дербито од 22-то коло на италијанското фудбалско првенство меѓу Аталанта и Интер заврши со најнепопуларниот резултат 0:0.
Во Бергамо се играше исклучително претпазливо и тврдо, а особено здодевен беше првиот половина час од натпреварот. Сепак, во продолжението тимовите започнаа да создаваат и шанси. Прво две добри шанси за гостите имаа Един Џеко и Артур Видал, а пота за домашниот состав создаде опасни ситуации преку Муриел, Демирал и двапати преку Пашалиќ.
Интер сега е прв со 50 бодови, два повеќе од градскиот ривал Милан, а аталанта е четврта со 42 бодови, бод помалку од третиот Наполи а бод повеќе од петтиот Јувентус.
Претходно во неделата по цел месец конечно победа впиша Рома која на својот „Олимпико“ со минималните 1:0 го совлада Калјари. „Волцичата“ славеше откако во низа беше поразена од Милан и Јувентус и ремизираше дома со Самподорија.
Мечот го реши голот на Сержио Оливеира во 33 минута од пенал, а овој играч пред неколку дена ја засили Рома доаѓајќи од Порто. Калјари можеше лесно да израмни во завршницата, кога ја притисна Рома во нејзиниот шеснаесетник,. Но домашните ги спасуваа голманот Руи Патрисио но и рамката на голот.
Рома на табелата се израмни со градскиот ривал Лацио, и двата тима имаат по 35 бодови и се на делбата на петтото односно шестото место. Калјари остана на 16 бодови на 18-то место во зоната на испаѓање.
Венеција и Емполи одиграа без победник 1:1. Гостите поведоа во 26 минута преку Жимон Зурковски, а домашните израмнија во 73 минута преку Давид Окереке.
Венеција е 17-та со 18 бодови, два повеќе од зоната на испаѓање, а Емполи со 29 бодови е безбеден на 11-та позиција.
Најефикасниот натпревар во неделата беше одигран во Сасуоло, каде што домашниот истоимен тим беше поразен со 2:4 од Верона. За домашните погодија Џанлука Скамака во 54 и Грегоар Ферел во 67 минута, а кај гостите откако во водство ги донесе Џанлука Капрати во 37 минута, „хетр-трик“ постигна Андонин Барак со погодоците во 44, 57 од пенал и во четвртата минута од судиското продолжение на мечот.
Верона сега има 30 бодови и е 10-та, прескокнувајќи го Сасуоло кој остана на 28 бодови и падна на 12-то место.