Рома последен четвртфиналист во Купот на Италија

Italian Cup round of 16 soccer match between AS Roma and US Lecce at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 20 January 2022. ANSA/ALESSANDRO DI MEO

Фудбалерите на Рома последние се пласираа во четвртфиналето на националниот куп, откако на својот „Олимпико“ со 3:1 го совладаа Лече, единствениот второлигаш во оваа фаза од натпреварвуањето.

Гостите поведоа во Рим со голот на Артуро Калабрези во 15 минута. Малку недостигаше Лече да замине на полувремето со предност, но во 40 минута израмни Мараш Кумбула.

Во вториот дел Рома, која доминираше сите 90 минута, го направи резултатскиот пресврт. Прво Тами Абрахам во 54 минута погоди за водство. Потоа за само три минути во 60 и 62-та, гостинскиот играч Марио Гарџуло заработи два жолти картона и исклучување, по што второлигашот и дефинитвни потклекна. Потврдатра на победата на „Волчицата“ дојде во 81 минута преку Узбекистанецот Елдор Шомуродов.

Во четвртфиналето, кое се игра во еден натпревар, Рома повторно ќе биде домаќин но на Интер, а во другите двојки се среќаваат Јувентус – Сасуаоло, Фиорентина – Аталанта и Милан – Лацио.