Рома преку Верона до третото место

Rome, Italy, 31 January 2021. ANSA/GIUSEPPE LAMI

Фудбалерите на Рома се искачија на третото место од Серија А откако во последниот натпревар од 20-то коло во неделата на својот „Олимпиико“ со 3:1 ја совладаа Верона.

Римската „Волчица“ дојде до недостижна предност од 3:0 во периодот од 20 до 29 минута. Првиот погодок со многу случајност го постигна Џанлука Манчини во 20 минута, кого топката го погоди пред гостинскиот гол и скршна во мрежата. Само две минути подоцна Хенрик Мхитарјна зголеми на 2:0 со прецизен удар од врвот на шеснаесетникот, а во 29 минута по брзата акција Борха Мајорал зголеми на 3:0. Во продлжението Верона со голот на Ебрима Кулеи во 62 минута намали на 1:3, до крајот имаше уште неколку шанси да го намали водството на домашните но не успеа да ја загрози нивната победа.

Рома со оваа победа стаса до 40 бодови, шест помалку од водечкиот Милан и четири од вториот Интер, а има бод и натпревар повеќе од четвртопласираниот Јувентус. Верона остна деветта со 30 бодови.

 

Претходно во неделата Наполи рутински со 2:0 дома ја совлада слабата Парма. Наполи поведе со првенецот сезонава во Серија А на македонскиот репрезентативец Ељиф Еламс во 32 минута кој мина дури четворица чувари и ја затресе противничката мрежа. Дуелот само резултатски беше отворен до 82 минута кога со удар од 20-ина метри Матео Политано погоди еден од бековите на Парма, топката ја промени насоката и отседна во мрежата на гостите.

Наполи сега е петти со 37 бодови од 19 натпревари, колку што со меч повеќе има и шестиот Лацио. Парма остана претпоследна с19-та со 13 бодови.

 

Во дербито на колото Аталанта на свој терен беше поразена од Лацио со 1:3. Црногорскиот интернационалец Адма Марушич уште во 3 минута ги доведе гостите во водство, со одличен удар од повеќе од 20 метри. На 2:0 во 51 минута зголеми Жоакин Кореа, откако беше проигран со глава од Чиро Имобиле. Хрватот Марио Пашалиќ кој влезе во вториот дел во 79 минута најдобро реагираше пред голот на Лацио откако топката се одби од стативата за 1:2, но во 82 минута косовецот Ведат Муричи повторно го однесе Лацио на „плус два“ и до победата.

Лацио за бод ја мина Аталанта која сега е седма со 36 бодови.

 

Џенова на македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев оствари значајна победа од 0:3 кај фенерџијата Кротоне. Стреци за гостите беа Матија Дестро во 24 и 50, и Мелар Чизбора во 29 минута.

Пандев на овој меч го израмни рекордот во Серија А според бројот натпревари на кои влегол во игра од клупата за резервни фудбалери, откако истрча на теренот во 71 минута. За македонскиот репрезентативен капитен тоа беше 154 одигран натпревар во Серија А што не го започнал од првата минута, израмнувајќи го рекордот на поранешниот легендарен напаѓач на Киево, Серџо Пелисие.

Џенова со трите бода стаса до вкупно 21 бод, шест повеќе од зоната на испаѓање и моментално е на 14-то место. Кротоне со 12 бодови и натаму е последен 20-ти.

 

Калјари беше на чекор да оствари триумф за бегство од зоната на испаѓање, но Сасуоло израмни во последните моменти од мечот. Домашните поведоа во 75 минута преку Жоао Педро, но во четвртата минута од судиското продолжение Жереми Бога ги потопи надежите на Калјари.

Така Калјари остана во зоната на испаѓање, 18-ти е со 15 бодови колку што има 17-от Торино од местото кое игра мајсторка за опстанок, а Сасуоло остана осми со 31 бод.

 

Во првиот неделен натпревар Идинезе со 1:0 славеше кај Специја, а голот го постигна Родриго Де Паул во 52 минута од пенал. Удинезе е 13-ти со 21 бод, а Специја е 16-та со 18 бодови.