Романците протестираат против вакцините и покрај рекордниот број заболени од Covid-19

Повеќе илјади луѓе протестираа во саботата во романската престолнина Букурешт на повик на десницата, против задолжителното вакцинирање, во денот кога земјата забележа рекорден број заразени со коронавирусот.

„Слобода“ и „Прекинете го присилното вакцинирање“ скандираа демонстрантите собрани пред зградата на владата опкружени со зајакнати полициски сили.

„Наскоро нема да можеме да изелземе без здравствена пропусица, тоа е кршење на нашите права“, вели 45-годишниот инженер Маријан Енеску кој не носел маска како и големо мнозинство од демонстрантите.

„Не сакаме да бидеме заморчиња на произведувачите на вакцините“ пишувало на еден транспарент, а некои демонстранти за медиумите изјавувал дека „немаат доверба“ во романскиот здравствен систем.

Романскиот здравствен систем, кој меѓу населението се прецепира како силно корумпиран, неефикасен и со политички именувања, беше под голем притисок и пред пандемијата на коронавирусот. Романија во последните три децении изградила само една болница и најмалку издвојува за здравството од членките од ЕУ, а десетици илјади доктори и медицински сестри ја напуштија земјата.

„Стотици лекари сеега се трудат да спасат животи“, одговор комисијата задолжена за спроведување на кампањата за вакцинирање во пораката објавена на социјалните мрежи.

Сосега е вакцинирана само третина од 19 милиони Романци, што е најниската стапка во Европската унија по Бугарија, и земјата се соочува со третиот силен бран на епидемијата.

Во саботата се регистрирани над 12.000 новозаразени во 24 часа, најмногу на дневно ниво од почетокот на епидемијата, а 184 заболени починале во последното деноноќие.