Романските воздухопловни сили објавија во вторникот дека системот за воздушно набљудување открил мала воздушна цел, со карактеристики слични на метеоролошки балон на надморска височина од околу 11.000 метри во националниот воздушен простор над југоисточниот дел на Романија.
Инцидентот се случил околу два часа пред денешниот земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтер, кој ја потресе Романија.
Романските власти ги примениле сите стандардни процедури од моментот на откривање на објектот, а два авиони од верзијата „МиГ-21 ЛансР“ на романските воздухопловни сили од Борбената служба на воздухопловната полиција под команда на НАТО полетале од 86-та воздухопловна база Фетешти до областа каде што била пријавена целта.
Екипажите на двата авиони не го потврдиле присуството на воздушната цел, ниту визуелно, ниту на радарите, како што беше случајот за кој извести CNN со пилотите на американските цели испратени во неделата да го пресретнат објекот над езерото Хјурон заблежан од радарите. Романските авиони се задржале во реонот околу 30 минути, со цел целосно да се разјасни состојбата во воздушниот простор, по што се вратиле во базата.