Романското Министерство за одбрана ги негираше во понеделникот тврдењата дека руски беспилотни летала паднал и експлодирале на романска територија во ноќниот напад врз украинска пристанишна инфраструктура на реката Дунав.
Министерството за одбрана во Букурешт „категорично ги отфрла“ извештаите за тоа дека на романска територија експлодирале руски беспилотни летаа, и повтори дека руските напад врз „украинската цивилна инфраструктура се неоправдани и спротивни на меѓународното право“.
Претходно во понеделникот портпаролот на украинското Министерство за одбрана тврдеше дека руски беспилотни летала паднале и експлодирале на романска територија ноќта кон понеделникот во текот на руски напад врз укранската пристанишна инфраструктура на реката Дунав.
„Според украинската државна погранична служба, синоќа во текот на масовен руски напад во близина на пристаништетот Исмаил, руските ‘Шахеди’ паднаа и екслодираа на руската територија. Тоа е уште една потврда дека рускиот ракетен терор претставува голема закана не само за безбедноста на Украина, туку и за безбедност на соседните земји, вклучително и држави членки на НАТО“, напиша украинскиот воен фунцкионер Олех Николенко на Facebook.
Николенко објави фотографија на којашто се гледа пламен по експлозија на спротивниот брег на Дунав. Николенко, исто така, ги повика западните сојузници во војната против Русија да ги забрзаат испораките на системите за противвоздушна одбрана за Украина.
Неименуван украински воен извор за агенцијата Reuters рекол дека наводно две руски беспилотни летала паднале на романската страна на Дунав.
Меѓутоа, според реакцијата на официјален Букурешт, станува збор за уште еден обид на Киев во конфликтот со Русија да вовлече директно земја членка на НАТО, како што беше ланскиот инцидент кога украинска противвоздушна ракета уби две лица во соседна Полска, а украинската страна додека траеше самитот на Г7 објави дека станува збор за руски проектил.
Русија во текот на изминатата ноќ извела воздушен напад врз Исмаил, едно од главните украински речни пристаништа преку која Киев тврди дека ги извезува своите залихи житарки, додека Москва смета дека под тој изговор со бродовите кои допловуваат се пренесува западно оружје и муниција за украинската војска.
Нападот во понедленикот, во кој се оштетени складишта и запалени објекти во Исмаил, следеше по руските напади во неделата врз Рени, второто големо укранско пристаниште на Дунав. Притоа беше тешко оштетена пристанишната инфрастуктура а најмалку две лица повредени.