Романија објави правилник за патување во Букурешт од 1 јуни

Романската фудбалска федерација објави правила за навивачите кои планираат да присуствуваат на натпреварите во Букурешт.

Македонија ќе одигра два меча во романската престолнина во групната фаза од Европското првенство. Тоа е доволна причина оваа информација да е од исклучителна важност за сите македонски навивачи кои планираат да бидат дел од натпреварите.

Надлежните органи во Романија имаат одредено три зони на држави – зелена, жолта и црвена зона. Во првата се земји од каде нема голема опасност, а последната е спротивна, односно во очите на органите се работи за држави од висок ризик.

Последниот извештај вели дека Македонија е дел од ЗЕЛЕНАТА ЗОНА. Тоа значи дека за македонските фанови ќе важи следното правило:

  • Патниците кои пристигнуваат од земјите класифицирани во „зелена“ зона, можат да влезат во Романија без да бидат приморани на изолација или ПЦР-тест.

Гостите од „ЦРВЕНАТА“ и „ЖОЛТАТА“ зона ќе бидат приморани да покажат негативен ПЦР-тест или пасош со кој што ќе докажат дека имаат примено вакцина.

Посебни правила за деца

  • За деца на возраст под три години, не е потребно да се обезбеди негативен резултат на ПЦР-тест.
  • Деца на возраст помеѓу три и 16 години ќе мора да покажат негативен RT-PCR тест (тестот мора да се изврши не повеќе од 72 часа пред да влезат во Романија).

Првиот меч нашата репрезентација го игра на 13 јуни против Австрија Четири дена подоцна, избраниците на Игор Ангеловски ќе се соочат со Украина. За крај на групната фаза ќе се надигруваат со Холандија, но во Амстердам, на „Јохан Кројф Арена“.