![romanija ue](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/romanija-ue.jpg?resize=326%2C155&ssl=1)
Романија би можела да прими 500.000 бегалци од соседна Украина доколку се влоши кризата со Русија, изјави денеска романскиот министер за одбрана Василе Данчу.
– Проценките се во тек. Можеме да примиме повеќе од 500.000 бегалци, тоа е бројка за која сме подготвени, рече Данчу.
Според него, властите планираат да отворат прифатни центри, особено во големите градови долж заедничката граница, долга околу 650 километри.
– Засега тоа е чисто хипотетичка ситуација, прецизираше романскиот министер, при што евентуални бегалци би можеле да изберат да заминат во Полска