Романија победник на Интернационалниот фестивал „ТРА-ЛА-ЛА“ во Битола

Ана Станчулеску од Романија ја освои гран при наградата на Интернационалниот детски музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА” во Битола.

Покрај Гран при наградата, десет членото меѓународно жири, за најдобрите изведувачи синоќа на Гала концертот во Центарот за култура во Битола додели прва, втора и трета награда во три возрасни категории.Специјални награди од директорот на фестивалот “Бледски Златен Микрофон” Јања Јешенко од Словенија се доделени на Ана Гаштарова од Македонија и Ники Мједа од Албанија.

Битола од 13 до 16 август беше домаќин на 15-тото издание на Интернационалниот детски музички фестивал “ТРА-ЛА-ЛА” на кој учестуваа 40 млади музички таленти од 16 држави во светот. Покрај учесниците од Македонија, на фестивалот настапија деца солисти и делегации од Португалија, Русија, Малта, Ерменија, Украина, Словенија, Романија, Полска, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Србија, Албанија и Косово.

Фестивалот “ТРА-ЛА-ЛА” е дел од битолско културно лето Битфест со поддршка на општина Битола и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески. Синоќа на Гала вечерта на Тра-ла-ла присуствуваше и Даниел Кајмакоски. Учесниците и гостите ги поздрави и митрополитот Петар