Романскиот премиер го смени министерот за здравство поради управувањето со епидемијата

Романскиот премиер Флоријан Читу во средата го смени министерот за здравство Влад Војчулеску во напорите да ја зајакне довербата во државните институции додека земјата се обидува да ја сузбие епидемијата на коронавирусти, но со овој потег може да ја загрози коалицската влада на десниот центар.

Смената на министер за здравство Војчулеску е првата голема рокада во владејачката коалиција по изборите во декември кога владата ја формираа либералите на премиерто Читу, блокот на десниот центар USR-Plus кој го поддржува министерот, и партијата UDMR на етничките Унгарци.

Овие три групации имаат околу 56 отсто од гласовите во парламентот, но мнозинството зависи од согласноста на партиските лидери за важните прашања.

„За успешно да се бориме против пандемијата, секогаш велев дека е потребна доверба во државните институции. За довербата во државните институции да потрае, решив да го сменам човекот на чело на министерството за здравство. Силно верувам во владејачката коалиција“, изјави Читу по смената на министерот.

Војчулеску, 37-годишниот економист, вети финцкионирање на здравствената грижа и државните болници ќе ги направи потранспарентни, но е изложен на критиките од политичарите и политички именуваните директори на болниците.

Војчулески започнал да именува и вработува нови лица на чело на агенциите за здравствени осигурувања кој контролираат милијарди евра во романското здравство. Многумина од нив се избрани според политичката припадност, забележуваат тамошните медиуми.

Романската здравствена инфраструктура е најнеразвиената во Европската унија. Секој четврти Романец нема доволен пристап до основите здравствени услуги, а десетици илјади лекари и медицински сестри изминатите години се иселија во странство,

Читу рече дека должноста на министер за здравство ќе ја преземе вицепремиерот и лидер на USR-Plus, Дан Барнар. Војчулеску засега не ја коментирал својата сена кој неговите сопартијци од USR-Plus ја нерекоа „аграсивен чин“. Истовремено одложена е владината седница закажана првично за средата.

Два пожара и неисправните респиратори во Романија во ковид-болниците во Романија, во ноември, јануари и претходно оваа седмица се наведуваат како причина за смртта или повредување на десетици пациенти.

И пред пандемијата романскиот здравствен систем беше преоптоварен, зафатен со корупција, неефикасност и политизирано управување поделен меѓу локалните и централните власти.

Околу 13.360 заболени од Covid-19 во средата има во болниците ширум Романија, од кои 1.521 се на одделите за интензивна нега. Романија, со 19,4 милиони жители, досега пријави 1,01 милион заболени и 25.605 починати од коронавирусот.