![mavrovka objekt fontana](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/mavrovka-objekt-fontana.jpg?resize=696%2C486&ssl=1)
Ова е сликата на една епоха, во неа е содржана сета лажност и фаличност на политиките на власта, пишува на Фејсбук Ивор Мицковски, под фотографијата на која се гледа нов изграден објект во трговскиот центар Мавровка во Скопје.
Овој објект беше прогласен за дивоградба и на почетокот на новиот мандат власта со директен пренос на телевизиите го рушеше објектот во септември.
-Се гледа добро тука лажната борба против криминалот и корупцијата, непостоечката борба против урбанистичката мафија, селективноста кога се збори за правда или за Едно општество за сите.
Оваа кафана која беше срушена на почетокот на мандатот со голема помпа, уклучување во живо и тешки зборови како држвата се борела против криминалот и корупцијата, еве ја воскресната како симбол на непокорливиот и непроменливиот менталитет и системската нефункционалност на овие простори.
Симбол на самоволие, негрижа, површност, алчност и тотално отсуство на одговорност или барем, добар вкус.
Една проста слика која ја издава сета лажност и површност на нашите политичари, пишува Мицковски.