Претседателот на Европскиот совет, Херман Ван Ромпуј истакнал дека гледа заздравување на економијата во Европа следната година, во изјавата за белгиската телевизија„ВТМ“ .
„Дури и тешко повредените држави од еврозоната како Шпанија и Грција покажуваат знаци на раст. Обновата се’ уште не е многу видлива поради високото ниво на невработеност. За создавање на работни места ќе биде потребно повеќе време“, признава претседателот на Европскиот совет.
Тој ги отфрла тврдењата дека изборите за Европарламентот во мај 2014 година ќе донесат победа на евроскептиците.
Ромпуј е убеден во тоа, бидејќи според него евроскептицизмот не е феномен бидејќи постои во сите времиња.
Ромпуј во моментов подготвува издавањето на книга со наслов „Европа по бурата“.