Најдобриот фудбалер на денешницата, репрезентативецот на Португалија, Кристијано Роналдо потврди дека ќе биде 100 отсто подготвен за првиот натпревар од групната фаза, дуелот против директниот ривал за првата позиција во групата „Г”, националниот тим на Германија.
„Тренирам без никакви проблеми, не чуствувам никаква болка. Ги слушам советите на репрезентативниот доктор. Има голем напредок кога е во прашање мојата здравствена состојба. Се чуствувам се подобро и подобро. Убеден сум дека ќе бидам 100 отсто поготвен за дуелот против Германија, подготвен и психички и физички. Нема место за паника. Одлично ја познаваме репрезентацијата на Германија, игравме против нив на ЕП 2012. И Германија знае се за Португалија. Имаат фантастичен тим, со право се фаворити за победничкиот пехар. Ќе ни биде многу тешко”, изјави ѕвездата на Реал (М).