Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо треба да потпише две ипол годишен договор со саудискиот клуб Ал Наср по неговото заминување од Манчестер Јунајтед, пренесува агенцијата DPA.
Неговата соработка со Манчестер Јунајтед беше предвреме прекината со заеднички договор минатиот месец по интервјуто во кое тој го откри своето незадоволство од третманот во редовите на „Црвените шаволи“ и од менаџер Ерик тен Хаг.
Роналдо во поментов ја предводи селекцијата на Португалија на Светското првенство во Катар и постигна гол на нивниот прв натпревар на турнирот, со што стана првиот играч кој постигнал гол на пет различни Светски првенства.
Роналдо сакаше да го напушти Јунајтед пред почетокот на сезоната 2022/23, а во интервјуто со Пирс Морган потврди дека ја одбил профитабилната понуда од клубот од Саудиска Арабија.
Сепак, шпанскиот спортски весник Marca во понеделникот објави дека Ал Наср од Ријад е блиску до потпис со 37-годишниот петкратен освојувач на „Златната топка“.
Досега во кариерата Роналдо настапуваше за Манчестер Јунајтед, Јувентус и Реал Мадрид каде е најдобар стрелец на сите времиња. Ниту еден играч нема постигнато повеќе голови во Лигата на шампионите од Роналдо, кој е и најдобар стрелец во меѓународниот фудбал со 188 гола.
Се очекува тој да заработува близу 200 милиони евра (211 милиони американски долари) по сезона во Ал Наср, заедно со други бонуси, што го прави најплатен спортист во светот.
Во тимот на Ал Наср се и ѕвездата на Светското првенство на Камерун, Винсент Абубакар, и поранешниот голман на Наполи, Давид Оспина.
Роналдо се врати во Јунајтед пред сезоната 2021/22, но тренерот Ерик тен Хаг главно го држеше на клипата за резерви, што предизвика експлозивно интервју што придонесе за неговото заминување.