Пауло Бенто, селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија го објави поширокиот список со фудбалери кои добија покана да ја одработат последната фаза од подготовките за престојниот Мундијал во Бразил.
На списокот има 30 репрезентативци, а нормално, најголема ѕвезда меѓу нив е Кристијано Роналдо.
Иако беше повреден во поголемиот дел од сезоната и најчесто првенствените натпревари ги започнуваше од клупата за резервни фудбалери, крилниот напаѓач од редовите на Манчестер Јунајтед, Нани, доби покана од селекторот Бенто, а Бразил најверојатно ќе го види и најголемиот португалски талент од дресот на Спортинг Лисабон, Вилијам Карваљо.
Список со фудбалери: ГОЛМАНИ: Антони Лопез, Бето, Едуардо, Руи Патрисио. ДЕФАНЗИВЦИ: Андре Алмеида, Антунес, Бруно Алвеш, Фабио Коентрао, Жоао Переира, Нето, Пепе, Рикардо Коста, Роландо. СРЕДЕН РЕД: Андре Гомеш, Жоао Марио, Жоао Мутињо, Мигуел Велосо, Раул Меирелеш, Рубен Аморим, Вилијам Карваљо. НАПАД: Кристијано Роналдо, Едер, Хелдер Постига, Хуго Алмеида, Иван Каваљеро, Нани, Рафа, Кварезма, Варела, Виеириња.