Сепак, на крајот од натпреварот Роналдо со солзи радосници ја дочека победата на Португалија над Франција и титулата европски шампион.
-Ова е најсреќниот момент во мојата кариера. Среќен сум, пресреќен. Го чекав овој момент од 2004 година. Го молев Бог да ми пружи уште една шанса, изјави Роналдо по натпреварот.
Тој додава дека во клубовите и на индивидуален план освоил сè, но ништо никогаш со Португалија.
-Сега конечно освоив. Ова е за моите соиграчи, тренерот, Португалците, навивачите, нашата емиграција…ова е неверојатно. Ова е нешто што го заслужив. Немав среќа бидејќи се повредив, но моите соиграчи се бореа против 70.000 луѓе. Да живее Португалија, вели Роналдо.
-Мојот сон се оствари. За мене, а верувам дека и а сите Португалци ова е посебен момент, ден за паметење. За жал, во финалето не играв многу. Но верував во момците. Знаевме дека со вистински пристап и добра тактика можеме да ја победиме силната Франција, заклучува Португалецот.
Кристијано на ова првенство сруши два рекорди и изедначи еден. Стана фудбалер со најмногу настапи на европски првенства (21), а стана и првиот фудбалер кој бил стрелец на четири европски првенства. Со девет постигнати гола, Роналдо го стигна Мишел Платини кој до овој турнир беше најдобриот стрелец во историјата на ЕП. Платини сите девет гола ги постигна на европското првенство во 1984 година.