![RONALDO PRECKA GERMANIJA](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/06/RONALDO-PRECKA-GERMANIJA.jpg?resize=594%2C415&ssl=1)
Денеска ќе бидат одиграни нови три натпревари во јубиленото 20. Светско првенство во Бразил, но убедливо најголемо внимание привлекува дуелот помеѓу директните ривали за првата позиција во групата “Г”, репрезентациите на Германија и Португалија.
Ха хартија, фаворитската улога и е доделена на Германија која има тим кој е составен од фудбалери кои го носат дресот на Баерн (М) и Борусија од Дортмунд, но игра на очекуваното ниво се очекува и од најскапата аквизиција во клупската историја на лондонскиот прениерлигаш Арсенал, Месут Озил.
„Ние се подготвуваме за дуелот против репрезентацијата на Португалија, не за некаков дуел против еден фудбалер. Нормално дека Роналдо е фантастичен фудбалер, дека ќе биде најголема опасност пред нашиот гол, но Германија има неколку одлични фудбалери, кои се доволно квалитетни. Ако одиграме како што треба, ако го наметнеме нашиот стил на игра, тогаш сигурно ќе ги освоиме сите три бода. Португалија е незгоден противник, но ние одиме на победа”, изјави тимскиот и репрезентативен колега на Озил, Лукас Подолски.
Успехот и играта на Португалија сосема очекувано најмногу ќе зависи од ефектот на најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес, Кристијано Роналдо, кој и покрај болките кои ги има во повредениот мускул изјави дека нема да го пропушти дуелот против Германија и ќе биде 100% поготвен за големиот предизвик.
Дуелот помеѓу Португалија и Германија стартува во 18:00 часот.