Роналдо сакал да се врати во Реал

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо сакал оваа зима да се врати во редовите на мадридски Реал, но водството на шпанскиот клуб не била заинтересирана за него па го потпиша договорот со Ал Наср, тврди во неделата шпанскиот тиражен дневен весник Marca.

Роналдо во петокот вечерта го потпиша вносниот договор со саудискиот клуб, но отпосле беше обзнането дека Реал Мадрид не бил заинтересиран повторно да го ангажира. Капитенот на португалската репрезентација во ноември спогодбено го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, по острите критики што ги упати на сметка на сопствениците, водството и тренерот на англискиот премиерлигаш.

Роналдо настапи за португалската селекција на светското првенство во Катар во декември, а по елиминацијата на неговата репрезентација неколку дена тренираше на терените на Реал во Мадрид. Сакал да се врати во клубот во кој со голем успех играше од 2009 до 2018 година. Наводно се согласил на помала плата и помала улога во тимот, но сепак морал да побара нов ангажман, тврди Marca.

Со Реал Мадрид, Кристијано Роналдо освои 16 трофеи и постигна 451 погодок во сите натпреварувања.