Роналдо во финишот ги скрши Ирците, БиХ извади бод кај Франција

Репрезентацијата на Ирска до 89 минута имаше три бода во рацете на гостувањето во Португалија, а тогаш настапи Кристијано Роналдо и со два погодока донесе победа на домашната селекција, во еден од најдраматичните натпревари одиграни во средата вечерта во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2022 година во Катар.

Португалскиот капитен остана должник во првото полувреме пропушти да реализира пенал. Ирците тоа го искористија и поведоа во 45 минута со голот на Џон Иган, и до 89 минута беа на прагот на големото изнанадување. Тогаш Кристијано Роналдо со глава реализираше за израмнување, а во шестата минута од судиското продолжение повторно со глава направи целосен пресврт.

Во вториот меч од оваа Група А, Луксембург дома со 2:1 го совлада Азебејџан. За домашните стрелци беа Миса во 8 и Родругез во 28 минута од пенал, а гостите само намалија во 67 минута преку Махмудов,

На табелата во Групата А само Португалија има одиграно четири натпревари од кои собра 10 бодови, следува Србија со 7, Луксембург со 6, а Ирска и Азербејџан се без бодов.

 

Во ГрупатаД селекцијата на Босна и Херцеговина освои бод на гостувањето во Стразбур кај актуелниот светски правак Франција. Един Џеко беше стрелец на водечкиот гол за гостите во 36 минута, а домашните израмнија четири минути подоцна преку Антоан Гризман. Французите од 51 минута играа со играч помаку, откако беше исклучен Кунде.

Во вториот меч од оваа група Казахстан и Украина ремизираа со 2:2 во многу драматичен финишч. Јарамчик ги доведе Украинците во водство веќе во втората минута, а Валуиљин израмни за Казахстанците во 74 минута. Во последната минута домашните не реализираа колосална шанса за водство, а веќе во третата минута од судиското продолжение со погодокот на Сикан Украина повторно дојде во водство, но со вториот гол вечерва Валиуљин три минути подоцна спаси бод за домашните.

Франција од четири меча има 8 бодови, а Украина од исто толку натпревари собра 4 бодови,, Финска со два натпревара е трета со 2 бода, колку што имаат и БиХ и Казахстан но од три меча.

 

Во Групата Г, водечката Турција на домашен терен длабоко во судиското продолжение во дуелот со Црна Гора испушти два бода. Ундер и Јазичи со головите во 9 и 31 минута донесоа предност од два погодока на турската селекција, но Марушуќ во 40 намали а во седмата минута по истекот на регуларниот дел Радуновиќ погоди за конечните 2:2.

Во истата група по бод освоија Норвешка и Холандија во меѓусебната пресметка во Осло. Ерлинг Халанд во 20 минута ја донесе во водство домашната репрезентација, а Класен израмни во 37 минута.

Латвија со 3:1 го победи Гибралтар.

Во групата Г, во водство е Турција со 8 бодови, Холандија , Црна Гора и Норвешка имаат по седум, Латвија има 4 а Грибралтар е без бодови.

Во Групата Ф, Данска дома ја совлада Шкотска со 2:0, а стрелци беа Вас во 14 и Маел во 15 минута. Со ист резултат со погодоците на Баумгартен во првата минута од судиското продолжение на првото и на Арнаутовиќ во четвртата минута од судиското продолжение на второто полувреме, Австрија славеше на гости кај Молдавија. Израел, пак, на гости со 4:0 беше убедлив кај Фарски Острови.

Во Групата Ф во водство е Данска со максималните 12 бодови од четири средби, Израел и Австрија имаат по 7, следува Шкотска со 5, а Фарски Острови и Молдавија имаат по бод.

 

Дербито во Групата Х меѓу домашната Русија и Хрватска заврши без голови. Словенија пред своите навивачи ремизираше со Словачка со 1:1, гостите поведоа во 32 минута преку Боженик, а Стојанович десет минути подоцна израмни.

На табелата во Групата Х со по 7 бодови се израмнети Хрватска и Русија, бод помалку има третопласираната Словачка, а Словенија како и Малта и Кипар има 4 бодови.