
Претседателот на „Кралевите“, Флорентино Перез, по 11-тата титула прваци во Европа најави дека ќе го продолжи договорот со Роналдо и ќе се обиде да го задржи до крајот на неговата кариера.
-Екстремно сум среќен поради освојување на Лигата на шампиони. Сакам да одам во пензија во дресот на Реал, задоволен сум во Мадрид и работам напорно да ја постигнам целта. Сега сум фокусиран на ЕУРО и на тоа како да дојдам и до тој трофеј, велли Роналдо за шпански „Ас“.
Зад себе тој има фантастична сезона постигна дури 51 гол на 48 натпревари. За „Кралевите“ игра од 2008 година и ги освои сите можни трофеи.