Роналдо задоволен од ждрепката за ЛШ

Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ја посочо како „добра“ ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите.

„Старата дама“ е во групата „Д“, заедно со Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен и Локомотив Москва.

– Ќе биде тешко, но среќен сум. Во моментов играме на нов начин, со нов систем, нов тренер, има нови играчи. Нормално е да биде тешко во оваа фаза. Секогаш е тешко во Лигата на шампионите затоа што многу екипи сакаат да победат. Јас сум самоуверен во себе и не можам да дочекам да започне, изјави Роналдо пред микрофонот на „Скај“.