Роналдо жестоко одговори на навредата од Перез, преку профилот на својата сестра!

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, на барањето на дел од навивачите да го врати Кристијано Роналдо во клубот одговори на малку потценувачки начин за Португалецот, со што го навлече неговиот, но и бесот на неговата сестра, Катија Авеиро.

Претседателот на „кралевите“ без двоумење ја отфрли идејата и кратко им одговори на фановите:

„Сега да го вратам? Па, тој има 38 години“, кажа Перез.

Ваквиот коментар очигледно не им се допадна на блиските на Роналдо, па неговата сестра се огласи на социјалните мрежи.

„Роналдо можеби има 38 години (всушност има 37 години), но може да скокне 2 метри и да остане 3 минути. Исто така, неговото тело нема маснотии. Покажи малку почит старецу, ти имаш 75 години“, напиша Авеиро на Инстаграм.

Многумина сметаат дека ова го има напишано самиот Роналдо, чија суета била многу погодена од зборовите на Перез, односно дека тој неретко го користи профилот на својата сестра за пресметка со тие што кажуваат лоши работи за него или, пак, ја повредуваат неговата суета.