Раководните лица на каталонскиот гигант Барселона и понатаму не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Давид Луиз.
Претседателот на Барса, Сандро Росел и пред неколку месеци се обиде да ги осигура услугите на 26-годишниот централен дефанзивец, но официјалната понуда експресно беше одбиена од сопственикот на лондонските ‘сини”, Роман Абрамович.
Новата понуда на актуелниот шампион на Шпанија сигурно нема да биде помала од 30 мил. евра, но голема е веројатноста дека и таа ќе биде одбиена од сопственикот на Челзи и од контроверзниот менаџер, Жозе Мурињо.