Роси: Патеката во Мексико не е за Мото ГП

Легендарниот италијански мотоциклист, Валентино Роси по најавата дека патеката на Формула 1 во Мексико може да биде вклучена во календарот на Мото ГП шампионатот изјави дека тоа не е добра идеја, бидејќи е премногу опасна за возачите.

Минатата недела се прошири веста дека следната сезона во календарот на Мото ГП шампионатот ќе се зголеми бројот на трките, па дека и во бравурите на возачите на кралската класа би можеле да уживаат и во Мексико.

Патеката во Мексико Сити, која во Формула 1 се врати пред три години, генерално се смета за помалку безбедни за моторите поради близината на ѕидовите на патеката, како и поради конфигурацијата на “run-off”” полињата.

Очаен сум. Календарот ќе биде продолжен на 20 трки, што значи дека нема да имаме живот! Покрај тоа, тоа е лоша патека. Не ми се допаѓа, има премногу опасност, изјави Роси.

Легендарниот „Доктор“ смета патеката би можела да биде модифицирана, но и дека и тоа е многу тешко да се направи.

По моето мислење, трката во Мексико следната година не е добра идеја, изјави Роси.