Ростуше, Велебрдо, Требиште и Битуше утре 4 часа без струја

Дел од Општина Маврово и Ростуше, поточно четири населени места во подрачјето на Река, вклучително и Ростуше, кое е седиште на општината, утре, четири часа ќе бидат без електрична енергија, информираа од општината.

– Ги известуваме жителите од населените места Ростуше, Велебрдо, Требиште и Битуше дека, утре (4 ноември) во периодот од 10:00 до 14:00 часот, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија, стои во соопштението на Општина Маврово и Ростуше.

Се додава дека тоа е поради извршување технички зафати на електромрежата, со цел обезбедување непречено снабдување со електрична енергија.