![Михаел Рот](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/Mihael-Rot.jpg?resize=696%2C364&ssl=1)
Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот денеска на Твитер напиша дека цртањето нови граници на Западен Балкан е опасен пат.
„Регионално помирување и соработка се клучни за мирот, демократијата и просперитетот. Цртањето нови граници е опасен пат“, напишта Рот.
Тој со твитот го поддржа официјалниот став на Европска Унија за Западен Балкан дека треба да се работи на регионално помирување и соработка, а не на менување на границите.
Рот исто така реагира на неофицијалниот документ (нон пејпер) на Јанез Јанша, премиер на Словенија, која е следна земја претседавач со ЕУ, за прекројување на границите на Западен Балкан.
МИА