Рот: Граѓаните да покажат храброст за референдумот

Државниот министер за Европа при германското МНР Михаел Рот денеска порача дека македонските граѓани на претстојниот референдум треба да покажат храброст и да испратат јасен сигнал за членство во ЕУ и НАТО, бидејќи европската перспектива гарантира добра иднина за сите, особено за младите.

„Тука сум поради младите луѓе, ги знам нивните очекувања. Има дел луѓе кои можеби се сомневаат или не се задоволни од компромисот што беше постигнат, но сите тие првенствено треба да мислат на иднината на младите генерации“, рече Рот, кој учествуваше на панел-дебата во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје.

Тој додаде дека не може да постои и добра иднина за младите луѓе без европска перспектива.