Австријците не застануваат, преморените 96 пожарникари се вратија дома да одморат, а се заменети со 114 нови кои ќе се справуваат со пожарите во Македонија.
На аеродромот во Виена синоќа беше извршена замена на австриските пожарникари-доброволци кои ги гаснеа пожарите во Малешевијата. На местото на досега активните 96, испратени се нови 114.
Брзата замена ја овозможиле првите луѓе на аеродромот во Виена и на австриската национална авиокомпанија (Аустриан Ерлајнс), кои ги пренеле пожарникарите од и до Скопје со авион Ербас.
Австријците се дојдени со 57 возила, а направија и конструкција на водоводна цевка со должина од еден километар и конструкција на резервоари со вода од 30.000 литри со помош од припадници на Армијата на Република Македонија.
Фото: ДВ