Протест во Битола за осудениот млад полицаец на година затвор за удрена клоца, а Кичеец за сообраќајката со смртни последици доби само шест месеци

Мaсовен протест во саботата вечерта се одржа Битола во знак на поддршка за млад полицаец што го осудија година година затвор и отказ за удрена шлаканица.

Битола се крена на протест за високата казна за полициски службеник, кој вршејки ја својата должност, бил нападнат од алкохолизиран граѓaнин. Инцидентот се случил минатата година. Полицаецот го совладал и привел за напад на службено лице но нападнатото лице го тужеше полицаецот и тој доби една година затвор.

Револтираните битолчани забележуваат дека во средата миленикот на власта на премиерот Зоран Заев, контроверзниот Зоран Милески Кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката кај Стража, која се случи на 4-ти сепември.

Според информациите, Кичеец „постигнал спогодба“ со обвинителството, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата. Во несреќата, животот го загуби сопатник во автомобилот „санг јонг“, четири лица се здобија со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и самиот Кичеец, се здобија со полесни телесни повреди.

Милески, кој е осуден на три години затвор во случајот „Рекет“, во време на трагичната несреќа биле на едномесечен прекин, откако лекари од Охрид препорачале да се лекува од „стрес, тахикардија и тешко дишење“, а Управата за извршување на санкциите, му дала такво решение по препораката.