Иранскиот претседател Хасан Роухани во текот на телефонскиот разговор со премиерот на Шведска, Стефан Левен, ги обвинил САД за неодамнешните настани на Блискиот исток, се наведува на официјалната веб-страница на Роухани.
„Американците се одговорни за последните случувања во регионот, и сите ние треба јасно да ги осудиме злосторствата на САД“, рекол иранскиот челник додавајќи дека иранскиот напад врз американските бази во соседен Ирак бил изведен во согласност со членот 51 од Повелбата на ОН и не претставува кршење на меѓународното право.
Роухани додал дека проблемите на Блискиот исток треба да ги решаваат исклучиво земјите од регионот преку политички дијалог со почитувањето на суверенитетот на секоја земја. Иранскиот претседател, исто така, рекол дека е неопходно да се вратат мирот и сигурноста во регионот со цел да се спречат трагичните инциденти во иднина.
„Сите ние треба да се обединиме и да ја вратиме безбедноста во регионот, а исто така да овозможиме мирот да завладее во регионот. Мора да спречме вакви ужасни настани каде и да се во светот“, рекол Роухани
Од своја страна, шведскиот премиер изразил сочувство за загинувањето на многу Иранци во уривањето на украинскиот патнички авион во средата утрото крај Техеран. Ловен притоа истакнал дека високо го цени тоа што Иран ја презема одговорноста за трагедијата. Повикал на транспарентна истрага и ја истакнал подготвеноста на Шведска да помогне.
Телефонскиот разговор се случи откако иранската војска приза дека ненамерно го соборила украинскиот авион сметајќи го за „непријателска цел“, односно крстосувачка ракета. Притоа Техеран појасни дека очекувале напад од САД неколку часа откако иранските сили ги ракетираа американските бази во соседен Ирак како одмазда за претходно убиство на иранскиот генерал Касем Сулејмани, па поради во полна боева готовност биле ставен противвоздушните системи.
Авионот од типот „Boeing 737-800“ на воздухоплонвата украинска компана МАУ на летото кон Киев беше урнат веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран во средата рано утрото. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Во авионот имало 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци од кои девет членови на екипажот, десет Швеѓани, четворица Авганистанци, и по тројца Германци и Британци.