Роуз погоди во последната секунда за победа на Минесота

Со поените постигнати во последната секунда, Дерек Роуз им донесе победа на Минесота Тимбервулфс над Феникс Санс во најдраматичниот од трите натпревара во НБА-лигата одиграни ноќта кон понеделникот.

Минесота со 116:114 ги надиграа на свој паркет Санс, а победата им ја донесе Дерек Роуз кој го постигна решавачкиот кош на девет десетинки пред крајот на мечот. Тимберволфс губеа со 106:110 пред Роуз, кој дуелот го заврши со 31 поен, да постигне осум од десетте последни поени за Минесота на 3,25 минути до крајот.

Карл Ентони-Тоунс за Тимбервулфс додаде 30 кошеви со стопроцентна прецизност од линијата за слободни фрлања и со 12 скокови. Најефикасен кај Санс, пак, беше Ти Џеј Ворен со 21 кош.

Индијана Пејсер дома со 125:95 беа подобри Шарлот Хорнетс, а ги предводеше Виктор Одалипо со 21 кош. Пејсерс имаа предност од 16 поени по првата четвртина, на полувремето 15 кошеви и контролата над резултатот ја одржаа до крајот на мечот. Кемба Вокер беше најдобар кај Хорнетс со 23 поени и седум асистенции.

Лос Анџелес Клиперс постигнаа гостинска победа над Сан Антонио Спарс со 103:95, благодарејќи на Тобиас Харис кои постигна 27 кошеви. Најдобар стрелец на дуелот и кај Спарс беше Ламаркус Олдриџ со 30 поени и 14 скокови.

 

ПЛАСМАН

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија

  1. Торонто 35 -13
  2. Филаделфија 30-17
  3. Бостон 28-18
  4. Бруклин 24-23
  5. Њујорк 10- 34

Централна дивизија

  1. Милвоки 33-12
  2. Индијана 31-15
  3. Детроит 20-25
  4. Чикаго 10-36
  5. Кливленд 9-38

Југоисточна дивизија

  1. Мајами 22 -22
  2. Шарлот 22-24
  3. Вашингтон 19-26
  4. Орландо 19-27
  5. Атланта 14-31

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Северозападна дивизија

  1. Денвер 31-14
  2. Оклахома Сити 27 -18
  3. Портланд 28-19
  4. Јута 26-21
  5. Минесота 22-24

Пацифичка дивизија

  1. Голден Стејт 32- 14
  2. ЛА Клиперс 25-21
  3. ЛА Лејкерс 25-22
  4. Сакраменто 24-22
  5. Феникс 11-37

Југозападна дивизија

  1. Хјустон 26 -19
  2. Сан Антонио 27 -21
  3. Њу Орлеанс 21-25
  4. Далас 20-25
  5. Мемфис 19-27