Швајцарскиот тенисер Роже Федерер покажа дека се уште има „нешто“ во него, освојувајќи ја својата 80. сингл титула во кариерата. Тој ја освои титулата во Синсинати и покажа дека ќе биде тежок залак за сите конкуренти на последниот Гренд Слем годинава, УС Опен.
Совладан во финалето беше шпанскиот ветеран Давид Ферер со 2:1(6:3,1:6,6:2) за 16:0 во однос на меѓусебните дуели, како и 6:0 однос на победи и порази во АТП Мастерс финалињата. За Федерер, кој веќе има 33 години, ова е добра увертира за УС Опен.