„Празниците се време за средби со најблиските и за создавање незаборавни спомени, но и време кога сообраќајот на патиштата е поинтензивен и неопходно е да се посвети посебно внимание на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
За време на празникот на љубовта и виното возете внимателно! Наздравете за пријателствата, за искреноста, за среќата на живеењето, за безброј среќни моменти исполнети со многу љубов, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Љубовта оправдува многу нешта, но не и загрозување на безбедноста во сообраќајот. Затоа РСБСП упатува апел:
• ако пиеш – не вози, ако возиш – немој да пиеш,
• ако пиеш – користи такси превоз или јавен превоз,
• за тие што те сакаат и за тие што ги сакаш, почитувај ги сообраќајните
правила и прописи,
• вози внимателно и грижи се за сите учесници во сообраќајот,
• сподели среќа и радост со најблиските и
• вози со СРЦЕ!
РСБСП на сите учесници во сообраќајот им советува доколку за време на празнувањето одлучат да управуваат со моторно возило, да бидат особено внимателни и да возат совесно.