РСБСП со кампања за Св. Трифун испраќа апел – вози безбедно, вози со љубов!

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата испраќа
апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на
празникот на љубовта и виното. Празниците се одличен момент за споделување на радост и спомени со блиските и саканите. Но, за тие да бидат полни со љубов, потребно е совесно и одговорно учество во сообраќајот.

Затоа, РСБСП советува: • Доколку пиете алкохол – НЕ управувајте со моторно возило, користете јавен превоз. • Возете со внимание и грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот -Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи.

РСБСП испраќа порака: Почитувајте го животот – животот е еден!

Ако го прославувате Св. Валентин – опијте се од љубов, а ако
наздравувате за Св. Трифун – покажете одговорност. Честит празник на љубовта и виното, возете одговорно!, порачуваат од РСБСП.