![ruanda formula 1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/ruanda-formula-1.png?resize=696%2C365&ssl=1)
Претседателот на Руанда, Пол Кагаме, соопшти дека африканската држава испратила официјална пријава до ФИА за организација и домаќинство на една трка во Формула 1. Идејата е да се вози во главниот град на оваа земја Кигали, а кам-бек на Формула 1 на африканскиот континент би бил прв по 1993 и трката во Јужна Африка.
„Среќен сум што можам официјално да објавам дека Руанда се натпреварува да ги врати авто-мото возбудувањата во Африка, така што би била домаќин на трка од шампионатот на Формула 1“, изјави Кагаме.