Русинот Андреј Рубљов е победник на АТП тенискиот турнир од серијата „Мастерс 1000“ во Мадрид, по речиси три часа игра, во финалето го совлада Канаѓанецот Феликс Ожер-Алиасиме со 4-6, 7-5, 7-5.
Ова е 16-та АТП титула за Рубљов во кариерата, а втора на турнири од серијата „Мастерс 1000“, по единствената досега на земјена подлога лани во Монте Карло. Ова е негова втора титула во 2024 година, првата ја освои на почетокот на годината во Хонгконг.
Од друга страна, 23-годишниот Ожер-Алиасиме, моментално 35. играч во светот, чиј најдобар пласман во кариерата досега е шестата позиција, ова беше негов прв настап во финале на турнир „Мастерс 1000“. Досега има освоено пет титули, од кои четири во 2022 година.