Рубин Стефанов уште две години во Канту

Рубин Стефанов и официјално во наредните две години ќе го носи дресот на Канту. Во италијанскиот тим македонскиот топ-проспект ќе настапува за екипите „Под 16“ и „Под 19“ години.

Претходно, во текот на ова лето беше Стефанов беше на проба во евролигашот Армани Милано, но сепак се одлучи на договор со клубот од Канту.

Пред почетокот на пандемијата предизвикан од коронавирусот, младиот кошаркар, роден 2005 година, играше за екипата на Римини Крабс.

Потоа, една сезона беше дел од тимот на Ангели од Скопје, од каде одново се врати во Италија. Стефанов веќе доби дозвола за настап и наскоро ќе го одигра првиот меч за младите селекции на клубот од Канту.