Зимските денови се идеални за дружење со семејството, па затоа, што помалку време треба да поминувате во кујна. Еве еден рецепт кој е лесен и брзо се подготвува, а уживањето е загарантирано.
Потребно за пилешко со пченка:
- 500 г. пилешко бело месо
- 400 г. пченка
- 6 домати
- 5 мл. масло
- лажичка сув зачин
- сол
- бибер
Подготовка на пилешко со пченка:
- Исечете бело место на парчиња, посолете и ставете го во загреано масло, кратко да се пропржи. Готовото месо извадете го од маслото.
- Во маслото во кое се пржеше месото ставете ги доматите, излупени и ситно исечени. Додека доматот врие, додајте ја пченката, ставете зачини и оставете пченката да се провари.
- Во готовиот сос, вратете го месото да проврие уште малку додека не ги упие соковите.
- Послужете топло.