Ручек за 20 минути: Макарони со туна

Овие макарони со туна се одличен избор за ручек. Подгответе ги и изненадете ги со новиот рецепт во вашата кујна

За подготовка на ова јадење потребни ви се:

-300-350 грама тестенини
-300 грама туна во парчиња
-неколку листови зелена салата
-3 домати

За прелив:

-сок од еден лимон
-50 мл маслиново масло
-сол
-крупно мелен бибер
-магдонос

Начин на подготовка:

Сварете ги тестенините, исцедете ги и оставете ги да се оладат. Парчињата туна исцедете ги од нивниот сок и измешајте ги со тестенините. Додадете ги листовите салата сечени на парчиња и парчињата домат. Зачинете со дресинг од лимонов сок и маслиново масло и промешајте ја салатата. Внимавајте да не ги згмечите парчињата туна.