![рудник](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/03/rudnik.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Вработен во прилепскиот рудник „Сивец“ е во животна опасност откако паднал од скеле, соопшти денеска МВР.
Педесет и четиригодишниот С.Д. паднал вчера околу 13 часот при што се здобил со повреди во пределот на главата и телото.
Тој е пренесен во Ургентен центар-Скопје и е во животна опасност. Се преземаат мерки за утврдување на причините за падот и за целосно расчистување на случајот.