
Во експлозија, најверојатно, на гас во рудник за јаглен на југозападот на Кина загинаа 22 рудари. Во несреќата во рудникот „Јаншитај“, во сопственот на државната компанија „Цонгкинг енерџи“, повредени се и уште двајца рудари, пренесува АП.
Не е разјаснето дали се работи на експлозија, бидејќи во официјалното соопштение е наведено дека се случил „инцидент поврзан со гас“, без наведување на детали.
За време на несреќата во рудникот имало 28 рудари, а од нив шест успеале сами да излезат на површина, вклучувајќи ги и повредените.
Несреќите во кинеските рудници се релативно чести, иако во последните неколку години ситуацијата се подобрува поради сигурносните прописи кои се применуваат.