Благодарение на тековната финансиска поддршка што ја обезбедува Рудник САСА,
Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ набави дополнителна количина
риба за порибување на езерото Калиманци. Во оваа прилика извршено е порибување
на езерото со околу 2000 килограми крап.
Оваа активност е дел од повеќегодишната соработка помеѓу САСА и здружението „Шаран“, преку која рудникот обезбедува финансиска поддршка наменета за набавка на рибен подмладок и порибување на езерото Калиманци. Дополнителни финансиски средства се донираат и за набавка на потребната опрема за извршување на активностите на „Шаран“.
Оваа соработка со здружението на риболовци од Македонска Каменица е само еден дел од активностите кои Рудник САСА ги спроведува во континуитет, а се наменети за поддршка на локалната заедница, заштита и унапредување на животната средина и одржлив развој.