Најдобриот стрелец на минхенски „Баерн“, Роберт Левандовски нема да премине во „Реал“ во следниот преоден рок, изјави претседателот на германскиот шампион, Карл Хајнц Румениге.
Полсиот фудбалер се почесто се доведува во врска со трансферот во редовите на европскиот шампион по завршеток на сезоната, особено откако го прромени тренерот и го ангажираше познатиот Пини Захави.
-Секогаш ја памтам 2008 година кога добивме неверојатна понуда од „Челзи“ за Рибери. Од тогаш сите знаат, никој не може да купи фудбалер на „Баерн“ спротивно на волјата на клубот. Ќе бидам јасен, Роберт 100 отсто ќе биде фудбалер на „Баерн“ и наредната сезона- рекол Румениге за германскиот весник„Кикер“.
Левандовски(29) оваа сезона постигна 32 гола во сите натпревари и го турка „Барен“ кон титулата првак на Бундеслигата, но и во Лигата на шампиони каде баварскиот гигант се среќава со Севиља во четвртфиналето.