Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед потврди дека стандардниот првотимец, Вејн Руни, и понатаму не сака да го потпише новиот понуден договор кој ќе има важност до 2018 година.
Репрзентативецот на Англија има договор со „црвените ѓаволи” до 2015 година, а за време на изминатиот летен преоден рок побара да биде ставен на трансфер листата.
„Руни до сега ги одби сите обиди на клупските челници околу продолжувањето на соработката. Руни не сака да збори на таа тема, не е заинтересиран за нов договор, без разлика дали истиот ќе биде побогат од претходниот. Напаѓачот е свесен дека има договор кој завршува во 2015 година, дека е во одлична форма и дека располага со сите убави карти”, изјави анонимниот извор.