Руни паузира до крајот на сезоната

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, непријатно ги изненади најверните фанови со изјавата дека првиот напаѓач, Вејн Руни нема да биде во комбинација до крајот на актуелната сезона.

Репрезентативецот на Англија заработи незгодна повреда на последниот тренинг пред првенствениот дуел против Њукасл, но под дејство на неколку инекции, Руни настапи на реванш 1/4 финалниот дуел од Лигата против екипата на Баерн Минхен.

„Ќе се рехабилитира од последната повреда, но тоа нема да се случи за еден ден. Руни со инекција играше против Баерн (М), играше поради важноста на натпреварот, играше за да им помогне на клупските колеги, но единствената вистина е таа дека не смееше да го одигра тој натпревар. Среќа што се ближи крајот на актуелната сезона и што Јунајтед не е во игра за некој позначен резултат. Најверојатно нема да настапи на ниту еден натпревар до крајот на актуелната сезона се со цел, да биде максимално подготвен за престојниот Мундијал во Бразил”, изјави анонимниот извор.