Руни во јуни се сели на Стемфорд Бриџ

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо и понатаму не се откажува од намерата да ги осигура услугите на брзоногиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.

Англиските медиуми повторно ја форсираат приказната дека Руни на крајот од актуелната сезона ќе се пресели на „Стемфорд Бриџ”, а во следните неколку месеци двата клуба мора да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Трофејниот португалски стручњак е свесен дека Јунајтед ќе побара околу 35 милиони евра за услугите на 28-годишниот напаѓач, но таквото обештетување може драстично да биде намалено доколку “црвените ѓаволи” на крајот од актуелната сезона не обезбедат пласман во групната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.