![dejan runtevski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/dejan-runtevski.jpg?resize=400%2C250&ssl=1)
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, утре, ќе ја посети кланицата „Серта” во Кавадарци и ќе оствари работна средба со менаџерскиот тим.
Целта на посетата е согледување на состојбата со извозот на јагнешко месо во предвелигденскиот извозен шпиц.
Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство утре ќе оставри работна средба и со ветеринарните станици од овој регион, како и со неколку оператори со храна.