Украинската армија погоди болница во градот Новоајдар во Луганската народна република од повеќецевниот ракетен систем ХИМАРС од американско производство, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Денеска околу 7:30 часот по локално време во градот Новоајдар во Луганск, украинските вооружени сили намерно ја погодија зградата на болницата со повеќецевни ракетни фрлачи на системот ХИМАРС од американско производство“, се вели во соопштението.
Министерството додаде дека во нападот загинале 14 лица, а 24 се ранети, вклучувајќи го и болничкиот персонал.