Русија ја одложи инспекцијата на ЕМА за Спутник В: Запад од политички причини не ја одобрува

Русија ја одложи инспекцијата на Европската агенција за лекови (ЕМА), која е неопходна за одобрување на нејзината вакцина против коронавирусот Спутник V во Европската унија, изјавил амбасадорот на Унијата во Москва, Маркус Едер.

Вакцината Спутник V која се користи во Русија и е одобрена за употреба во повеќе од 70 земји, е во постапка на евалуација на Светската здравствена организација и на ЕМА, што е потребно за да добие дозвола на пазарите надвор од Русија.

Русија го обвини Западот дека одбива да ја одобри нејзината вакцина поради политички причини и дека тоа на Русите им ги отежнува патувањата.

– Ова е повеќе техничка отколку политичка постапка – изјавил амбасадорот на Европска унија во разговор за Рос Бизнис Консалтинг.

– Кога руската власт зборува за тоа дека европската страна го одложува и го политизира тој процес понекогаш мислам дека тоа повеќе се однесува на нив бидејќи тие тоа го прават – додал амбасадорот.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко изјавил дека се отстранети сите пречки за регистрација на Спутник V во Светската здравствена организација и дека останало само да се заврши со документите.