Русија ја почнува следната фаза од својата „операција“ во Украина, рече Лавров

Во Украина започнува следната фаза од руските борбени дејствија, што Москва го препознава како „специјална воена операција“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервјуто за телевизијата India Today.

„Операцијата на истокот на Украина има за цел, како што веќе беше најавено, целосно ослободување на републиките во Доњецк и Луганск. Оваа операција ќе продолжи, сега зпочнува следната фаза од оваа специјална операција. И, се чини, сега ќе биде важниот момент во оваа специјална операција“, рече Лавров.

Исткана дека кризата можело одамна да биде надмината, доколку украинскиот претседател Владимир Зеленски соработувал и бил истраен во настојувањата да бидат спроведени одредбите од мировните договори постигнати во белоруската престолнина Минск од 2014 и 2015 година. Со нив беше предвидено, двете самопрогласени по прозападниот преврат во Киев доминатно руски и проруски ткн народни републики во источната област Донбас да останат во составот на Украина, но со широка автономија.

Но истоврмено „Западот го предаде Зеленски“, користејќи го за спротиставување на Русија, оцени Лавров.

Мосва веднаш по состанокот на преговарачките делегации на двете земји во Истанбул ја промени „конфигурацијата на своето воено присуство во Украина“, продолжи шефот на руската дипломатија.

„Рековме, бидејќи веруваме дека тие (Украинците) претставија на разгледување што може да биде во основоата на договорото, дека како гест на добра волја ја променивме конфигурацијата во Черниховската и Киевската област. Но, како што знаете, тоа не беше ценето, и наместо тоа веднша потоа се случи исценацијата во Буча“, истакна Лавров зборувајќи за повлекувањето на руските единици од предградијата на украинската престолни на 29-ти и 30-ти март, а веќе на 3-ти април Киев објави за наводно стотици цивилни жртви на руската војска во споменатото предградие.

Подоцна на редовниот брифинг во Кремљ, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков одговарајќи на барање да ја појасни изјавата на Лавров за „следната фаза“ од воената операција, ги упати новинарите поединости да побараат од министерството за одбрана.

„Ќе повторам, за тоа треба да прашате во министерството за одбрана. Но сакам да ве потсетам дека портпаролот на министерството веќе зборуваше за новата етапа од специјалната операција“, рече Песков.

На крајот од март, по преговорите во Истанбул кога се чинеше дека на повидок е постигнување договор за завршување на руско-украинската војна, руските единици се повлекоа од близината на Киев и од западните области, и се пренасочија кон украинскиот исток, како што наведова во Москва, поради остварување на конечната цел на офанзивата – „целосно ослободување на регионите Доњецк и Луганс“ и „заштита на луѓето кои осум години биле подложени на малтретирање и геноцид од режимот во Киев“.